NLB mKlik - NLB Tutunska banka|財經線上App不用買

シェア記事:

【免費財經App】NLB mKlik - NLB Tutunska banka-APP點子

НЛБ мКлик е нова услуга на НЛБ Тутунска банка и претставува апликација за мобилен уред која овозможува преглед и спроведување на Вашите финансиски трансакции на сосема безбеден начин. Услугата е достапна 24 часа на ден, седум дена во неделата. НЛБ мКлик услугата може да се користи со Android верзија 1.6 или понова.

Можности на НЛБ мКлик апликацијата:

• Преглед во состојба и промет на сите трансакциски сметки, картички и депозити.

• Конверзија од една во друга валута од трансакциската сметка.

• Плаќање на сите режиски трошоци.

• Плаќања кон физички и правни лица во земјата со заштеда во провизија од над 60%.

• Плаќање на обврски кон Банката за кредитни картички и кредити

• Интерни трансакции, уплати на НЛБ Постепено штедење и Скалест депозит.

• Интерни трансакции од и на Ваши сметки.

• Преглед на курсна листа.

Предности на НЛБ мКлик мобилното банкарство:

• Заштеда на време и пари.

• Независност од работното време на експозитурите на Банката.

【免費財經App】NLB mKlik - NLB Tutunska banka-APP點子

• Најприфатливо решение кога немате пристап до персонален компјутер.

• Сигурно, лесно и прегледно работење.

• Постојан увид на состојбата на Вашите сметки.

• Внесот на налози е можен 24 часа, 7 дена во неделата и со иден датум.

• Апликацијата е достапна за сите мобилни мрежи и може да се користи и во странство.

Регистрација и активација на НЛБ мКлик услугата

За да може да ја користите истата потребно е да се пријавите за услугата во која било експозитура на НЛБ Тутунска банка. После пријавата на SMS ќе ја добиете првата половина од активацискиот код, а на Вашиот e-mail втората половина од истиот, кој служи за генерирање на PIN при првата најава.

При првата најава на апликацијата потребно е да се внесе активацискиот код и тоа првата компонента се внесува во полето Код на персонализација, а втората компонента во полето Иницијална лозинка. По овој чекор потребно е во апликацијата да го внесете Вашиот произволно избран PIN кој ќе се користи во сите идни најави на НЛБ мКлик апликацијата.

Сигурност на НЛБ мКлик апликацијата:

•Апликацијата е заштитена од копирање и инсталирање на други телефони, бидејќи активациските кодови можат да се искористат само еднаш.

• Апликацијата се исклучува автоматски по неколку минути некористење.

• Апликацијата се заклучува автоматски по внесени 3 погрешни m-PIN кодови.

• Податоците за сметките на корисникот и m-PIN кодот не се чуваат на мобилниот уред

【免費財經App】NLB mKlik - NLB Tutunska banka-APP點子

• Плаќањата, преносот на податоци како и целата останата комуникација помеѓу Вашиот мобилен уред и Банката се одвива ширирано со помош на софтверски токен интегриран во самата апликација со употреба на најсовремени методи за шифрирање на податоците.

Keywords: NLB mKlik, NLBKlik, NLB, Tutunska, NLB Tutunska, M-Klik, mKlik, М-Банкарство, Мобилно Банкарство

免費玩NLB mKlik - NLB Tutunska banka APP玩免費

免費玩NLB mKlik - NLB Tutunska banka App

NLB mKlik - NLB Tutunska banka APP LOGO

NLB mKlik - NLB Tutunska banka LOGO-APP點子

NLB mKlik - NLB Tutunska banka APP QRCode

NLB mKlik - NLB Tutunska banka QRCode-APP點子
熱門國家系統支援版本費用APP評分上架日期更新日期
未知Android
Google Play
1.1.1
App下載
免費
1970-01-012015-04-20
未知iOS
App Store
1.3.0
App下載
免費
2013-01-312015-06-03
シェア記事: